Од Специјалното обвинителство не кажуваат кој е затвореникот кој попладнево беше однесен во зградата на Обвинителството.
Од тимот на Катица Јанева потврдија дека затвореник од Идризово бил на распит во ова обвинителство, но дека во интерес на истрагата нема да коментираат.
Алсат телевизија објави дека од зградата на обвинителството бил изнесен Игор Спасов, поранешен полицаец од единицата Тигри.
Тој е осуден на 14 години затвор за убиство со умисла. Пред неколку дена, Катица Јанева, изјави дека специјалното обвинителство активно работи на случајот за убиството на Мартин Нешковски. Тоа е еден од 36-те предмети што ги презеде ова обвинителство.