Затвореник од Идризово на распит во СЈО за убиството на Нешковски


Од Специјалното обвинителство не кажуваат кој е затвореникот кој попладнево беше однесен во зградата на Обвинителството.idrizovo zatvor

Од тимот на Катица Јанева потврдија дека затвореник од Идризово бил на распит во ова обвинителство, но дека во интерес на истрагата нема да коментираат.

Алсат телевизија објави дека од зградата на обвинителството бил изнесен Игор Спасов, поранешен полицаец од единицата Тигри.

Тој е осуден на 14 години затвор за убиство со умисла. Пред неколку дена, Катица Јанева, изјави дека специјалното обвинителство активно работи на случајот за убиството на Мартин Нешковски. Тоа е еден од 36-те предмети што ги презеде ова обвинителство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1