Глумецот Стојан Матавуљ виновен за смртта на Долорес – ќе одлежи 1 година во затвор


По жалбата на општинското обвинителство, советот на жупанискиот суд во Славонски Брод ја преиначил првостепената одлука за хрватскиот актер Стојан Матавуљ кој ја предизвика сообраќајната несреќа од невнимание во 2013 година, во која животот го изгуби хрватската актерка Долорес Ламбаша, на едногодишна затворска казна. Актерот исто така должен е да ги подмири и судските трошоци во износ од 3.000 евра.matavuljx_772484S1

Хрватски „Јутарњи лист“ пишува дека во жалбата на првостепената санкција од девет месеци со која Матавуљ доби две години условна казна , општинскиот државен адвокат навел дека судот не дал примерно значење од општествената опасност на казненото дело кое го направил Матавуљ, како ни самиот степен на вина.

Инаку првостепената пресуда е изречена по изменето обвинение по кое е направена од невнимание, и тоа само поради тоа што Матавуљ не ја прилагодил брзината на автомобилот и не оддржувал растојание, но алкохолот и заморот не биле пресудни.

Токму за условната казна, која за тужителството е преблага, вишиот суд се сложил со тужителот дека со неа се испраќа непримерна порака на сите други.

Хрватската актерка Долорес Ламбаша (1981-2013) загина во тешка сообраќајна несреќа на 23 октомври 2013 година во Славонски Брод, Хрватска, на истата делница каде во 2007 година загина и македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.

Нејзиниот колега , актерот Стојан Матавуљ (55), бил зад воланот во моментот на несреќата кога настрадала Долорес.

Двајцата се враќале од Белград по театарска претстава. Попатно застанале во Илока за да посетат еден пријател. Таму изнајмиле хотелски соби за да преноќат, но без оглед на тоа што биле уморни, сепак одлучиле да тргнат за Загреб. На автопатот Брегана Липовац возилото со кое управувал Матавуљ, удрило во возилото пред него и од силината на ударот двајцата возачи завршиле во тревата, а Долорес иако била врзана со појас на совозачкото седиште, испаднала низ задната врата. Актерката починала во болница неколку часа подоцна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1