Постојано сте пред комјутер, имате болки во вратот? Звучи како реклама? 🙂 Не е!
Научните истражувања уште еднаш на страната на култната напивка, кафето. Болките во вратот според научниците се решаваат со само една шолја кафе.
Всушност познато е дека кофеинот е природен непријател на болката, поради што е составен дел на одредени лекови. Испитаниците, оние што имале болки но и оние што биле без здравствени проблеми, покажале многу поголема подготвеност за „зјапање“ во компјутер по само една шолја кафе, оние што претходно се жалеле, едноставно заборавиле на болката.