Откриена нова планета со потенцијални услови за живот!


Европските астрономи откриле нова супер-Земја во орбитата околу ѕвездата Gilesе 163  во соѕвездието Dorado.
Новооткриената планета го доби називот Gilesе 163c и се наоѓа во таканаречениот “зелен” појас, погоден за формирање вода на планетите, а со тоа и формирање на живот.

Планетата се врти околу црвеното џуџе Gilesе 163, кое од Земјата е оддалечено 49 светлосни години.
Gilesе 163c прави револуција околу својата матична ѕвезда 26 дена. Нејзината маса е 6,9 пати поголема од онаа на Земјата, а големината и се проценува на помеѓу 1,8 и 2,4 од големината на Земјата-пренесува Daily Mail.

Новооткриената планета прима и до 40% повеќе светлина од својата ѕвезда, што значи дека е потопла од Земјата.
“Не го знаеме составот на атмосферата од Gilesе 163c, но ако претпоставиме дека станува збор за потопла верзија на атмосферата, температурата на површината би можела да изнесува и до 60 степени целзиусови, истакнале астрономи кои работат на European Southern Observatory HARPS телескопот.
Најкомплексниот живот на земјата, како овој на билките, животните и луѓето, не може да опстои на температура повисока од 50 степени. Но цела низа екстремни организми можат да живеат на таа температура.
На овој начин Gilesе 163c  стана уште една планета со потенцијална можност за живот на листата на астрономите. Освен оваа, во истиот состав веќе е пронајдена и потврдена егзопланетата  Gliese 163b, а европските астрономи работат и на потврдување на уште една планета, која е значително подалеку од ѕвездата Gilesе 163.

Share Button

Tags: , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1