Екипа на телеграф.рс повторно ги посетила мештаните на населбата Црвенка во Борча каде полицијата и понатаму го пребарува теренот во потрага по нови докази кои би можеле да го расветлат убиството на пејачката Јелена Марјановиќ.
Една од сосетките на семејството на Јелена изјавила дека е потресена од целата ситуација, а највеќе се грижи за ќерката на Јелена, Јана.
– Слушнав како малата Јана рече на една нејзина другарка, твојата мајка ќе дојде по тебе, а по мене нема. Тоа беше страшно кога го слушнав – рекла комшиката низ солзи.
Полицијата интензивно го бара убиецот на Јелена Марјановиќ, чие тело беше пронајдено во каналот во населбата Црвенка во Борча.
Погледнете го видеото: