Новинарот на “Orient News”, Ибрахим Ал-Катеб доби тешки повреди на главата откако за време на известувањето за воздушните напади на сирискиот град Алепо, шрапнел го погоди директно во главата.
Несреќниот новинар за време на несреќата гледаше во камерата и ја вршеше својата работа, се додека во позадина не одекна силна експлозија. Камерата падна на земјата, а кога снимателот ја подигна и ја насочи кон својот колега, целото лице на Ибрахим Ал-Катеб беше облеано со крв.
Од “Orient News” чие што седиште се наоѓа во Дубаи, потврдија дека нивниот репортер бил веднаш префрлен во болница и за среќа се наоѓа надвор од животна опасност.
Секако, на социјалните мрежи веднаш се појавија расправии во кои се израсува сомнеж во автентичноста на видео снимката која што засега не е можно да се потврди. Многумина веруваат дека станува збор за пропаганда.
Tocka.com/mk