Вознемирувачко видео: Шрапнел погоди новинар во главата додека известуваше


Новинарот на “Orient News”, Ибрахим Ал-Катеб доби тешки повреди на главата откако за време на известувањето за воздушните напади на сирискиот град Алепо, шрапнел го погоди директно во главата.Screenshot_26

Несреќниот новинар за време на несреќата гледаше во камерата и ја вршеше својата работа, се додека во позадина не одекна силна експлозија. Камерата падна на земјата, а кога снимателот ја подигна и ја насочи кон својот колега, целото лице на Ибрахим Ал-Катеб беше облеано со крв.

Од “Orient News” чие што седиште се наоѓа во Дубаи, потврдија дека нивниот репортер бил веднаш префрлен во болница и за среќа се наоѓа надвор од животна опасност.

Секако, на социјалните мрежи веднаш се појавија расправии во кои се израсува сомнеж во автентичноста на видео снимката која што засега не е можно да се потврди. Многумина веруваат дека станува збор за пропаганда.

Tocka.com/mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1