Најплодната сурогат мајка на светот, британката Карол Хорлок (45) повторно е бремена и за седум месеци ќе го роди 13то дете кое веднаш по раѓањето ќе биде предадено на неплоден италијански пар.
Карол, која што има и две свои деца рекла дека е пресреќна што на еден пар кој нема деца ќе им овозможи да станат родители, и дека нејзината мотивација е можноста на овој начин да усреќи некои луѓе.
-Ми велат дека им подарувам најскапоцен дар,а кога прв пат ќе го земат детето во раце им ја гледам радоста на лицето. Тоа е посебен момент на емоции-рекла Карол.
Своето 10,11 и 12 бебе Карол ги родила со “еден трошок” со планиран царски рез кој што во 35та недела од бременоста бил направен во Атина, бидејќи станувало збор за тројка. Како и сите нејзини бебиња и овие биле здрави и нормално се развивале.
За можноста за сурагот мајчинство Карол дознала 1995 година преку медиумите. Во тој период била самохрана мајка и се грижела за своите две ќерки. Можела да замисли како им е на жените кои не можеле да станат мајки.
Во меѓувреме на жените со таква судбина им подарила 8 девојчиња и 4 момчиња, меѓу кои еден пар близнаци и уште една тројка освен онаа претходно споменатата.
Еднаш годишно Карол добива слики од децата кои ги има родено.
Од луѓето на кои на овој начин им прави услуга таа добива помеѓу 10.000 и 15.000 фунти, на тој начин ги надоместува трошоците, бидејќи наплаќањето на сурогат мајчинството во Франција, каде што Карол живее не е легално. Меѓутоа таа инсистира тоа да не го прави за пари туку за луѓето на кои им треба ваква помош.
Кога децата ќе се родат Карол нема никакви барања кон родителите освен еднаш годишно да и испраќаат слики и писмо за тоа како напредуваат децата.
Меѓутоа, сурогат мајчинството и донело и непријатни искуства. Нејзиниот татко речиси и да не зборувал со неа бидејќи сметал дека на овој начин таа ги подарува на други луѓе неговите внуци, а случајот од 2004та година кога се констатирало дека детето било зачнато по природен пат со нејзиниот партнер, наместо со сперма на идниот татко на детето, Карол била исфрлена од организацијата “Cost” која ги поврзувала сурогат мајките со брачните парови кои немаат деца.