Српскиот рок енд рома Кал бенд ќе настапи на престојниот фестивал „Скопје Плех фестивал 2012“ што ќе се одржи во петок, на 14 септември на градска плажа „Камен Мост“.
Ромскиот бенд кој потекнува од Србија, го сочинуваат Драган Ристиќ (гитара и водечки вокал), Александар Максем (тапани), Славиша Павловиќ – Стенли (бас), Борис Костиќ (хармоника) и Милорад Јевремовиќ (виолина). Својата кариера ја започнуваат во 1996 година и оттогаш па наваму се препознатливи по нивниот интересен музички стил и токму поради тоа западните критичари ги нарекуваат Рок енд Рома.
Имаат настапувано на повеќе светски познати фестивали, но ниеднаш немаат настапувано пред македонската публика.Кал бенд во текот на нивната кариера остварија соработки со Тијана Дапчевиќ, Рамбо Амадеус, популарниот рапер Марчело, а неодамна ја снимија и песната „Амалеја“ со македонските рапери Пука Козметика, за што наскоро се очекува и видео запис.Поради соработката со Токсикологија Мјузик, бендот се почесто ќе ја посетува Македонија, следната дружба е закажана за фестивалот на виното, Виноскоп.