Органс Воч: Клиниката Медикус е само мал дел од светскиот ланец на трговија со органи


Клиниката која што ја поврзуваат со обвинувањата за трговија со органи на Косово, била само дел од поширока меѓународна организација која се занимава со трговија со органи, тврди во разговор за BIRN Ненси Шепер – Хјуз директоркана “Organs voc”.

Директорката, а истовремено и соосновач на организацијата  “Organs voc”  за BIRN вели дека двајца поранешни клиенти во клиниката “Медикус” во близина на Приштина го идентификувале Јусуф Сомез како клучна фигура за она што се нарекува проширена организација со седиште во Израел и Турција и многу гранки низ целиот свет.

“Овој организиран криминален синдикат го основале Сомез и неговиот партнер од Израел во раните 90ти години”-вели таа.

Наводно, сиромашни луѓе од Истанбул, Москва, Молдавија и Казахстан биле намамувани со лажни ветувања дека ќе добијат по 15.000 евра за своите органи.На дел од нив воопшто не им било платено.

Местото наведено во извештајот  како “Жолта куќа” кое се наоѓа во Албанија најверојатно бил центар на трговијата-вели  Шепер-Хјуз.

“Жртвите се малубројни српски борци или можеби само цивили и малцинства кои беа во заробеништво за време на војната” –додава Шепер-Хјуз.

Понатаму во својата изјава таа вели: “ Погрешно би било да се тврди, сепак, дека србите биле убиени заради органи. Тие и онака сигурно би биле убиени (во одмазда за војната), а на овој начин нивните тела наводно се искористени во присуство на медицински персонал кој ги вадел нивните органи. Според моите извори бубрезите биле превезувани до аеродромот во Албанија, а потоа во Турција.”

Преку мисијата ЕУЛЕКС во 2010 година биле обвинети седум косовски албанци и двајца странци –од кои еден е Сомез, турски државјанин- за трговија со луѓе организиран криминал и незаконски медицински дејствија.

Иако турските власти го теретат за наводни кривични дела направени во Косово, сепак Сомез во својата родна земја е на слобода. Тој  бил уапсен во јануари 2011 година но подоцна бил пуштен со кауција.

Според наводните обвинувања на  клиниката “Медикус” во 2008 година се направени 30 операции на незаконско пресадување бубрези.

Оваа клиника се споменува и во извештајот од Советот на европа од 2010 година во кој се вели дека членовите се лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), за некои од нив се тврди дека сега се високо поставени во владата на Косово, тргувале со органи на луѓе заробени во текот на конфликтот 1999 година. Некогашните лидери на ОВК  негираат дека знаеле за трговијата на органи и велат дека не учествувале во неа.

Tags: , , , , , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1