ПУШАЧИТЕ СПИЈАТ ПОМАЛКУ И НЕ СОНУВААТ КАКО ШТО ТРЕБА


Дури една третина од животот треба да ја поминеме во спиење, за да можеме да функционираме нормално и да имаме квалитетен живот. Сонувањето е важно, потребно му е на нашето тело за спречување на здравствени проблеми.

Германски научници спровеле истражување, каде учествувале 1.100 луѓе што активно пушат и 1.243 луѓе непушачи. По спроведеното истражување дошле до шокантни резултати.

Дури 17% од пушачите секојдневно спијат помалку од 6 часа, додека кај непушачите се присутни 7% од нив. 28% од пушачите имаат сон со лош квалитет, за разлика од непушачите што се 19% такви случаи.

Многу фактори влијаат на квалитетот на сонот, научниците ги зеле во предвид возраста, тежината и конзумирањето на алкохол, и на крај пушењето.

Истражувањето го водел Проф. Стефан Корс , кој изјавил „Ова истраѓување за прв пат покажува дека пушењето навистина го нарушува квалитетот на сонот.“

Иако резултатите од истражувањето не може потполно да докажат дека пушењето е единствениот кривец за лош сон, научниците истакнуваат дека ако пушите и вашиот сон има лош квалитет, имате уште една добра причина за откажување од цигарите.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1