Фото: Се дрогирал со различни дроги и сликал – еве која дрога каква слика дала


Брајан Сандерс со експеримент дошол до неверојатно откритие: во зависност од дрогата што ја користел, се менувал неговиот сликарски стил, комбинација на боја, форми и облици…

Американскиот уметник Брајан Луис Сандерс од Вашингтон нацртал дваесетина автопортрети, додека бил под влијание на марихуана, кокаин и други видови на наркотици, а како резултат на тоа настанале овие оригинални уметнички дела.

– Трагав по искуство што длабински ќе го промени моето сфаќање за себе. Започнав експеримент, секој ден земав различен вид на дрога и сликав авто-портрет – објаснил Сандерс .

Уметникот додал дека по некое време почнал да се чувствува „летаргично, и како да му е оштетен мозокот“, па продолжилл со експериментот, со тоа што паузирањата помеѓу конзумирањето на дрогата траеле по неколку дена.

На сликите може да се види цртежот каде авторот се прикажува облечен го маица со кратки ракави со слика на пони, кој настал под дејство на ксанакс.

 

Сандерс го доживеал своето големо искуство со боите кога конзумирал хашиш, каде направил цртеж со шарени спирали околу својата глава.

На цртежот каде прикажува уметник под дејство на халуциногени печурки е полн со ситни детали, а Сандерс е претставен со ококорени очи и многу возбуден.

Сосема друг е приказот што настанал под влијание на апсент. Портретот е едноставен, во црно-бела техника и делува како машко да плаче.

Останатите цртежи се многу интересни и прикажуваат варирање на расположението. На едната од нив се наоѓа змија со ликот на авторот, а на другата е Сандерс, претставен во поза на мислење.

Share Button

Tags: , , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1