Криминалец истетовиран на очното јаболко (Фото)


Криминалецот Џејсон Барнум (37) е осуден за грабеж на куќа и кражба на автомобил за да купи хероин, а обвинет е за обид за убиство на полицаец. Во целиот случај дополнително го сврте вниманието на јавноста заради тетоважата што ја има на целото лице, главата и на очното јаболко на десното око.

Неговите фотографии на фејсбук покажуваат дека не само што ги истетовирал главата, темето, устата, очното јаболко, туку и целото тело му е прекриено со тетоважи. На една фотографија се гледа дека зборот „болка“ (читај „pain“)го истетовирал на десниот бицепс од раката.

Овој криминалец е вмешан во седум грабежи, а е обвинет и за обид за убиство на полицајци, кога нему и на уште еден крадец полицајците им  влегле во трага, и ги следеле со службените коли.

Двајцата не се вознемириле многу за тоа што се во прашање полицајци, и отвориле оган кон нив, и тоа од пиштолот што го украле од една куќа. Полицијата возвратила, а еден полицаец бил ранет.

Барнум признал дека провалил во куќа и крадел за да купува хероин, а полицијата соопштила дека тој има дебело досие.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1