Не ги убивајте лебарките, може да ви го спасат животот! (Видео)


Конечно и тие да бидат за нешто корисни, кошмарот на секоја домаќинка – лебарките. Најновите истражувања велат овие гадинки се можеби најголемото откритие во методите за справување со кризи предизвикани од земјотреси, пожари, хемиски напади.

Истражувачите од Северна Каролина велат по примерот на поголемите животни ( коњите, камилите итн.) и од лебарките можат да се извлечат одредени придибивки за човештвото.

„Корисните штетници“ би биле опремени со т.н.ранци во кои ќе се постават сензори, како и по потреба – аудио и видео опрема за пренос на околината во која што се наоѓаат. Микрофонот на пример, би ги „ловел“ повиците за помош од евентуално повредените луѓе. Овие инсекти се практично неуништливи, нивната големина и сила се совршени за лоцирање повредени луѓе во урнати објекти.

Според експертите, најдобри трагачи би биле видот лебарки од Мадагаскар, доволно големи за да ја носат опремата, но и доволно мали за да се провлекуваат низ пукнатини. Ова откритие велат научниците значително ќе го олесни справувањето со катастрофите, особено во густо населените области.

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1