Фото + Видео: Во Австралија беснееше огнено торнадо


Филмскиот режисер Крис Тенџи тргнал кон дивините на Австралија со цел да побара локација за снимање на филм и наместо неа тој налетал на еден од најретките природни феномени – огнено торнадо во Алис Спрингс.

Тенџи наместо локацијата сосема случајно го пронашол видеото на својот живот.

Тој се наоѓал на околу 300 метри оддалеченост од огненото торнадо кое се издигнувало и до 30 метри во висина. Режисерот ја преживеал оваа блиска средба со огнената неприлика.

Познато и како огнен ѓавол, торнадото кое носи оган е прилично редок феномен и настанува кога столб од жежок воздух се спушта до земјата и ја распламнува површината.

Ваквите појави обично траат околу две минути но Тенџи наведува дека во овој случај торнадото го вртело огнот повеќе од 40 минути.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1