Бизарно самоубиство се случило вчера во Земун, кога Александар Н. (40) во просториите на Меѓународното здружение за прифаќање и помош на лица болни од зависност „Ремар Србија“ со молив си го пробил окото и на место останал мртов.
Неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина поради обдукција, пренесува Ало.
Несреќниот човек дошол во просториите на Здружението и ништо не укажувало дека ќе крене рака на себе. Меѓутоа, веројатно во нервно растројство во еден момент дофатил молив кој стоел намасата и пред очите на неколку луѓе се прободел во око.
Докторите на Брзата Помош пробале да го реанимираат, но во тоа не успеале. Полицијата направила увид, а за се бил информиран и обвинителот.