Малолетници од Скопје се затруле со енергетски пијалок


Тројца малолетници од Скопје вчера се затруле од енергетски пијалок кој го купиле во трговскиот комплекс „Радишани“, соопшти МВР.energetskipijalok

Вчера во 17:01 часот од Детска клиника при Клинички центар-Мајка Тереза во полиција било пријавено дека кај нив биле донесени тројца малолетници, двајца на возраст од 12 и еден на 11 години, сите од Скопје, кои биле затруени од енергетски пијалок „Симбо“, кој го купиле во трговскиот комплекс „Радишани“.

Со возило на итна медицинска помош децата биле пренесени во Детската клиника, каде било констатирано труење.

За настанот биле известени ОМД-Чаир и Агенцијата за храна и ветеринарство. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1