Без разлика дали станува збор за вистинска понуда или нечија желба да привлече внимание, или нешто сосема трето, заштитничката на правата на децата Тамара Лукшич Орландич за РТС изјавила дека секое споменување за трговија на деца треба да се разбере најсериозно, а одговорните треба да сносат одредени последици.
– Јас би рекла дека ова е тест за јавноста но сметам дека надлежните треба да истражат до крај и да видат како дошло до сето ова и ваков вид на забава да не им се приредува на граѓаните. За сите оние кои имаат деца и кои сакаат да имаат деца, едноставно тоа е навредливо – изјавила Тамара.
Од обвинителството потсетуваат дека за трговија со деца нејмалата казна е пет години затвор, а најголемата дваесет. Полицијата за високотехнолошки криминал во меѓувреме го отстранила огласот но тврдат дека истрагата продолжува.
Дали станува збор за несолена шега ќе се потврди по сослушувањето на лицето кое го поставило огласот и по утврдувањето на некои други доказни материјали, изјавил за РТС обвинителот за високотехнолошки криминал, Бранко Стаменковиќ.
– Во секој случај дури и ако станува збор за несолена шега од ваков вид презентација на материјал би можело да настане друго кривично дело како што е недозволено објавување на туѓи фотографии или снимки, изјавил Стаменковиќ.
Во обвинителството наведуваат дека ваквите огласи се изненадување и за нив и дека ќе бидат посебно внимателни во истрагата.