Адвокатите на Асанж соопштиле дека недостатокот од ДНК доказ на кондомот кој наводно бил користен во текот на сексуалниот напад во август 2010 година укажувал дека бил подметнат лажен доказ.
Шведското обвинителство одбило да го коментира извештајот со образложение дека истрагата е во тек.
Агенциите потсетуваат дека Асанж веднаш го негирал обвинувањето за силување и дека признал оти имал секс со две жени во Стокхолм од кои едната сега има 33 години, а другата 29.
Асанж од месец јуни се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Британија каде врховниот суд на Британија донесе одлука за негово апсење. Во август претседателот на Еквадор на Асанж му дал политички азил.