Валери Сприл од Дојелстоун во Охајо неодамна открила дека нејзиниот покоен сопруг всушност бил нејзиниот татко. ова го дознала од DNK тестот кој е направен дури по смртта на нејзиниот сопруг, а потоа со оваа приказна излегла во медиумите.
„Сакам да ја раскажам својата приказна, моите деца и внуци мора да знаат од каде потекнуваат. Оваа информација секако е болна, затоа што и самата бев уништена кога дознав“, изјавила Сприл.
Валери како дете ја чувале нејзините баба и дедо, а нејзината мајка била проститутка која доаѓала во посета, но Валери секогаш сметала дека таа е само пријателка на семејството.
Валери подоцна дознала дека човекот кој цел живот го сметала за татко, всушност е нејзин дедо.
Подоцна се отселила и го запознала Перси, за кој на крајот се и омажила. По неговата смрт, во 1998 година Валери слушнала дека кружат „чудни“ гласини за нивниот однос, но на нив не обрнувала многу внимание.
Сепак, 14 години по неговата смрт, одлучила да ја дознае вистината. Пронашла неколку влакна од Перси на неговиот чешел и ги однела на DNK анализа која покажала дека нејзиниот сопруг всушност и бил татко.
Се претпоставува дека ниту Перси не знаел дека се оженил со сопствената ќерка, затоа што во неговите лични документ не бил пронајден никаков доказ дека воопшто знаел дека има деца пред бракот со Валери.