Ограбен првиот човек на македонските обвинители – му го украле и дипломатскиот пасош


Автомобилот на заменикот Претседател на советот на јавни обвинители на Македонија бил ограбен вечерва во Тетово.

Возилото марка„Мерцедес“ било паркирано пред  „Рамстор“, непознат сторител успеал да го обие и да однесе се што имало во него. Крадецот го скршил стакло од задната врата на возилото, одзел црна чанта во која имало дипломати пасош на обвинителот,дозвола за оружје и други документи.

Причинета е материјална штета од околу 10.000 денари. СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Возилото е во сопственост на Миралем Асани (1975) , заменик Претседател на советот на јавни обвинители на Македонија.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1