Во големиот број на истражувања е докажано дека некои луѓе максимално што можат да се присетат, е само на 11 случки од секоја година во жвитот.
Но за разлика од нив, Аурелиен е еден од ретките на светот кои што имаат врвно автобиографско памтење. Одберете некој датум од неговите тинејџерски години и тој ќе се присети на секои детал. Ваквата „моќ“ ја открил како студент на својата 14 годишна возраст.
„Тоа е нешто кое што го открив преку ноќ. Кога имав 14 години открив дека моите спомени од некои моменти, кои што се случиле пред неколку години ми се свежи, исто како да се случиле вчера“, вели Аурелиен, присетувајќи се на некои детали од својот живот.
Не само што можел да се присети на се што работел, туку може да каже што носел, јадел, гледал во вестите, па дури и какво време било тој ден. Кога бил замолен да каже што работел на 1 октомври 2006 година, тој се присетил дека тоа било недела и дека тој ден ја слушал песната „When you were young“ и дека ја повикал една девојка за да излезат, но таа го одбила. Со тестовите кои што му биле направени, психолозите потврдиле дека Аурелиен дал точни податоци.
Долгорочниот Аурелиенов капацитет на меморија е зголемен поради тоа што го користи левиот фронтален лобус на мозокот, кои е поврзан со јазикот и му дава функција, а се наоѓа во задниот дел на мозокот кај тилот и има функција на зачувување на сликите.
Сепак ваквата одлична меморија не му користи при учењето.
„Имам одлична мерморија, но само на автобиографските делови, таа не ми помага при учењето и испитите“, вели Аурелиен.
Според неговата приказна ќе се снима и документарен филм под наслов „Момчето кое што не може да запре“.