Жена на возраст од 83 години хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје вчера починала од западнонилска треска.
И 2 ипол годишното девојче кај кое беше дијагностицирана западнонилска треска вчера од Детската клиника е префрлено на Инфективната клиника поради тешката општа состојба во која се наоѓа, пренесува Вест.
– Детето е се уште во сериозна, односно во потешка општа состојба. Се даваат максимални напори за лекување и негово извлекување од оваа состојба, изјавила за Вест д-р Валерија Кирова Урошевиќ, лекар-специјалист на Клиниката за инфективни болести.
Во Македонија досега има 5 потврдени случаи, двајца пациенти се во добра состојба и во фаза на излекување. Во последните 24 часа немало нови сомнителни случаи.
Во Македонија досега од западнонилска треска, починаа две жени.