Ја продал бремената жена за 1500 евра па пријавил дека ја киднапирале


Жената A.M. во моментот на продажбата била 4 месец бремена. По истрагата се утврдило дека таа и сопругот се договориле, поради тешката материјална состојба да го изведат делото. Да ги земат парите па таа да побегне и да се врати назад.

Полицијата во Крушевац поднела кривична пријава против маж од Нови Сад бидејќи невенчаната сопруга со која живеел, ја продал на лице од Крушевац за 1500 евра, а потоа пријавил дека некој му ја киднапирал жената. Кривични заработија уште две лица кои посредувале во продавањето.

Жената A.M. во моментот на продажбата била 4 месец бремена. По истрагата се утврдило дека таа и сопругот се договориле, поради тешката материјална состојба да го изведат делото. Да ги земат парите па таа да побегне и да се врати назад.

Но лицето кое ја купило за да му роди дете на неговиот син ја држел заклучена и таа не можела да избега. Откако ја немало неколку дена  сопругот видел дека нешто не е во ред со планот и отишол да пријави во полиција дека е киднапирана.

Полицијата ја пронашла и ослободила, но по разговорот со сите учесници утврдено е дека се работи за дело ,, трговија со луѓе,, и поднесена е кривична и за продавачот и за купецот на жената. Сега и сопругот и купецот ризикуваат да добија казна затвор од 2 до 10 години затвор.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1