Се разбудила од кома убедена дека е тинејџерка и дека е 1998 година (Фото)


Откако се разбудила од кома, 32 годишната Sarah Thompson била убедена дека е 1998. година а таа е сеуште тинејџерка. Воопшто не се сеќавала на сопругот и на трите деца кои ги има.

Сара била 10 дена во кома по операција на мозокот поради згрутчување на крвта. Кога се разбудила 14 години од нејзиниот живот биле избришани комплетно. Кога лекарите ја прашувале најобични прашања за тоа на што се сеќава таа говорела дека први на листата најслушани песни се Spice Girls, дека Michael Jackson ќе има концерт и дека таа има 19 години

Не само што била убедена дека се деведесетите туку не се сеќавала воопшто дека се омажила и дека има деца. Нејзината мајка – единствената која Сара ја препознала се трудела да и објасни дека има сопруг и деца, но таа едноставно не можела да се сети. И покажувале фотографии и снимки од венчавката – но попусто. Како да гледам филм – ова не сум јас , велела Сара.

Таа и се однесувала како тинејџерка – дури ја бојадисала и косата со плава и црвена боја.

По неколку месеци – интезивна работа на нејзината меморија, посета на сите места и луѓе кои ги знаела за овие 14 години Сара почнала да се присетува на некои ситни делови, но не на се. Оптимист е дека еден ден ќе и се врати сеќавањето. Истовремено сум и среќна и тажна. Тажна што не се сеќавам на животот на своите деца, и на моето семејство, но и дека кога ќе ми се врати сеќавањето нема да се чуствувам како 19 годишна, како сега. Ова чуство е прекрасно но сепак под стегите дека сето тоа е лага во мојата глава.

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1