Проверете си – Фејсбук случајно објавил приватни пораки на Timeline ???


Фејсбук изгледа направи нов сигурносен пропуст, бидејќи некои корисници на „Времеплов“(„Timeline“) се појавиле со нивните приватни пораки од чет(chat).

Од Фејсбук вчера брзо се огласиле околу извештајот за таквиот сигурносен пропуст.

-Мал број на корисници искажаа загриженост, откако погрешно процениле дека нивните приватни пораки се појавиле на нивниот „Времеплов“. Нашите инженери откако се посветиле на тие извештаи, откриле дека пораките се всушност стари објави на ѕидот на корисниците, кои секогаш биле видливи на нивниот профил. Фејсбук утврдил дека не дошло до повреда на приватноста на корисниците – стои во соопштението, пренесувајќи го Business Insider.

Порталот Next Web прв ги објавил извештаите за „сигурносниот пропуст на Фејсбук“ во кој ненамерно се објавени приватни пораки од корисници од 2007, 2008 и 2009 год. на нивниот „Времеплов“. Првите корисници што ја забележале грешката, се од Франција, пренесува Metro France.

Доколку мислите дека и вам ви се случило нешто слично, најдобро е да кликнете на опцијата со пенкалце во десниот агол на „Времеплов“ и да ја изберете опцијата `Hide from Timeline`(`Скриј од Времеплов`).

Share Button

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1