Три пати се породила и три пати добила на лото милиони (Фото)


Семејството на Hege Jeanette Oksnes од  Осло Норвешка три пати ја добива премијата на лото. Она што семејството го забележало е дека добиваат на лото секогаш кога 26 годишната Хеге ќе се породи – досега родила 3 деца и секој пат  за само неколку часа по породувањето некој од семејството ќе добиел на лото.


„Ова е лудо, ние не играме толку често лото“, изјавила Окснес неколку дена откако нејзиното семејство ја подигна премијата.

Ниту планирале, ниту темпирале, велат.

А кога ја прашале која е тајната да се добие на лото – таа на шега изјавила останете бремени. добивките ги добиле од истата ,,државна лотарија,, во период од 2006 до денес.

– Првото дете го родила во 2006 година, ден откако нејзиниот татко 58 годишниот Leif добил 554,000 евра

– Во 2010 година по раѓањето на 2 дете таа добила 1.1 милион евра

 – Овој пат 2012 само неколку часа по раѓањето на нејзиното 3 дете нејзиниот брат – 19 годишниот Tord Oksnes добил околу 1.6 милиони евра и сето тоа на истата лотарија.

Семејството живее во близина на Берген. Велат дека не играат посебни броеви туку оние кои ќе им ги додели машината.

Сопругот Торд ќе си ја задржи работата како техничар во енергетскиот сектор, а и Хеге ќе продолжи да работи на бензиската станица.

,, семејството ме тера да родам барем 10 деца,, се шегувала Хеге.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1