Почнаа да се градат сплавовите на Вардар


Почна изградбата, донесена е градежна механизација. Според информациите изградбата стартувала за едниот од двата предвидени бродови на Вардар. Од Град Скопје велат дека на фирмата “Фаланга” им издале одобрение за градба но нема повеќе детали.

“Бродовите нема да биде во стилот на сплавовите во Белград, од каде ечи турбо фолк. Идејата ми е да воведам нешто ново во градот. Затоа едниот брод ќе биде со стоги правила за облекување, нема да може да се влезе во патики и куси панталони. Сега во Скопје нема ниту едно место за каде можете да се дотерате. ќе се служи исклучиво француска кујна. Другиот брод ќе биде поопуштена атмосфера, за дневна шема’ изјави пред три месеци Андреевски, сопственикот на фирмата “Фаланга” за Вест.

Двата бродови ќе се спроти Стариот театар и кај Холидеј ин. Месечна кирија за оној кај стариот театар е 76.700 денари. А за сплавот кај Холидеј ин 64.900 денари.
оваа фирма сплавовите ги доби на закуп за наредните 10 години.

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1