Летоци со порака дека само со евакуација во вселената ќе се избегне судниот ден осамнаа во поштенските сандачиња низ Белград деновиве.
На летокот е нацртан вселенски брод и има понуда за евакуација во вселената.
,, предупредување! За да ве заробат ве обележаа со чипови. Ние ве сакаме и ви помагаме, пријавете се за ЕВАКУАЦИЈА,, пишува на летокот.
Станува збор за секта која со години ја форсира тезата дека вонземјани ќе ги спасат луѓето од крајот на светот. Сектата е со име ,, ангели на небото,, ја има во Хрватска, а од неодамна активна и во Србија.
На летокот има еден рус маж со име Аштар Шеран кој е наводно лидер на оваа секта, имаат дури и веб сајт со детално објаснување и упатство за евакуација во вселената.