Богатството на Тито пронајдено во гаража во Скопје


Далеку од очите на јавноста, длабоко под земја, во темната гаража на Службите за општи и заеднички работи, во гаражата на Македонската телевизија се наоѓа еден од Титовите мерцедеси, модел “600 гросер“.

Маршалот и претседател на некогашната СФР Југославија Јосип Броз Тито никогаш не се возеше во него.

Новинарската екипа на пoрталот мкд.мк имаше можност да ѕирне во гаражата. Очекуваа да видат стар, запуштен автомобил, кој повеќе не се употребува. Наместо тоа здогледаа вреден колекционерски примерок, исклучително добро сочуван.

За овој исклучително вреден автомобил, произведен 1974 година, кој поминал само 60.000киломери, се грижи, и ако затреба го вози Ангеле Стојановски.

 

Извор: мкд.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1