Ако имате бугарски пасош мора да го смените – старите ќе се менуваат со биометриски


Бугарските граѓани ќе имаат нови лични карти и пасоши од почетокот на 2018 година откако во Парламентот ќе помине второто читање на измените на Законот за бугарски лични документи, соопштија бугарските медиуми.

Во новите лични карти и пасоши ќе има вграден електронски носител на информации – чип кој ќе содржи биометриски податоци на сопственикот како и електронски потпис. Новите документи за идентификација треба да почнат да се користат од 1 јануари 2018 година.

Меѓународниот пасош исто така ќе биде биометриски и со електронски потпис и крипографски клучеви.

Бугарските лични документи издадени до тој датум ќе бидат валидни до истекувањето на рокот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1