Кастрирањето го продолжува животот од 14 до 19 години


Некои истражувања покажале дека нивото на тестостерон кај мажите го слабее имунолошкиот систем и ги зголемува шансите за срцев удар, а научниците веќе открија дека стерилизацијата кај животните го продолжува нивниот живот.

Истражувањето на евнусите од палатата на корејската династија Чосун, покажало дека тамошните луѓе живееле во просек од 14 до 19 години подолго, за разлика од некастираните мажи.

Научниците од корејските универзитети го проучувале дворот од династијата Чосун, со која Кореја владеела во периодот од 1392 до 1910 година и утврдила дека евнусите во просек живеат до својата 70 година, односно за 14 до 19 години повеќе од некастрираните мажи кои живееле во слични услови. Тројца од 81 евнух  доживеале и над 100 години.

За време на владеењето на династијата дел од момчињата биле кастрирани со цел да можат да служат како евнуси со што им била и овозможена привилегирана положба во палатата. Евунисите за време на корејската династија можеле да имаат семејство и да посвојуваат деца.

Корејските научници веруваат дека нивната долговечност не е само резултат на привилегираните услови за живот бидејќи повеќето веќе живееле надвор од палатата, а во неа доаѓале само за да работат. За разлика од нив, корејските владетели живееле во просек по 47 години и покрај поповолните услови за живот.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1