Боб Дилан: Како што Eвреи препознаваат Нацисти така и Србин препознава Хрват


Хрватската јавност со загриженост ја примила изјавата на легендарниот Боб Дилан, по што неговиот хит „Duquesne Whistle“ од неговиот нов албум, бил веднаш тргнат од емитување од хрватското радио во Сплит.

Боб Дилан во интервју за магазинот Ролингстоун по повод половина век кариера со новинарот Мајкл Гилмор зборувал за многу теми меѓу кои за музика, политика, историја. Зборувајќи за ропството во Америка Дилан рекол.

„Црнците знаат дека некои белци не сакаа да се укине ропството. Ако некој предок ви бил робовладетел или припадник на ‘Кју Клукс Клан’, црнците тоа можат да го осетат. Као што Евреи можат да осетат нацисти, или Срби Хрвати”, рекол Дилан по што неговиот хит „Duquesne Whistle“ од неговиот нов албум, бил веднаш тргнат од емитување од хрватското радио во Сплит.

Песната инаку одела секој понеделник. Песната била тргната на интервенција на главниот уредник Ведрана Крстиќ Инавишевиќ, која од Управата на ХРТ неодамна била санкционирана со 20 % пониска плата. Причината поради која била санкционира не е позната, но сите се сомневаат дека е поради коментарските невкусни шеги на сметка на потпретседателот на владата Чачиќ.

На ХРТ инаку нема листа на забранети изведувачи, но се знае дека некои и не се баш не се пожелни од страна на тамошното раководство. Така на пример не се пуштаат песни од источните соседи, од Бајага, Балашевиќ, Екатерина Велика, Владо Дивијан, и неговите идоли Партибрејкерс, а еве од сега на оваа листа се најде и името на легендарниот Боб Дилан, кој светската слава ја стекна во 60-те години.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1