Новооткриена комета ќе свети повеќе од месечината во 2013 година


Двајца руски астрономи најавија дека во 2013 година, комета која што се упатува кон Сонцето, има голема можност да се види и на дневна светлина во северниот дел од хемисферата. 

Кометата беше откриена од страна на Артуом Новичонок и Виталиј Невски. Дуото ваквата комета ја забележа минатиот петок со рефлективен телескоп во Интернационалниот Научен Оптички Центар во Кисловодск во Јужна Русија.

Кометата едвај се разликува од ѕвездите во соѕвездието Рак, но веројатно истата ќе биде препознатлива по својот блесок, како што ќе наближува кон Сонцето. Таа ќе се помине за 1,2 километри од површината на Сонцето и доколку истата успее да го преживее патот, ќе продолжи кон земјата.

Еден месец подоцна таа ќе ја помине и нашата планета на далечина од 63 милиони километри и ќе може да биде видлива за голо око во текот на месец Јануари.

Според некои проценки кометата би можела да има долга опашка и да биде посветла од Месечината.
Сепак ваквите сценарија се тешки за предвидување. Во моментов кометата се наоѓа во близина на Јупитер и се очекува да биде позабележителна во август следната година. Дали таа ќе се распадне или пак ќе може да се забележи пожарот на небото останува да се види.

Шпекулации се продираат меѓу новинарите и астрономите, дека оваа комета е многу слична на онаа од 1680 година, објект кој остави блескави низи на небото во текот на таа година. Се верува дека двете комети би можеле да се фрагменти од објект кој што се распаднал во далечното минато.

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1