ДНК од машки клетки пронајдени во женскиот мозок


Во студија објавена пред неколку дена во Plos One, стои запишано дека ДНК од машки клетки кои потекнуваат од машкиот фетус или пак од братот се пронајдени во мозокот на жените.

Ова откритие е првиот доказ дека постои микрохимеризам, односно процес каде клетките кои имаат потекло од еден организам се интегрираат во ткивата на друг организам, како што е мозокот, а тоа може да се искористи во третман на одредени заболувања.

„Знаејќи дека овие клетки се наоѓаат во мозокот, не упатува да размислиме дека ние сме малку поинакви од она што досега мислевме дека сме, па од таму ни доаѓа идејата за себе да размислуваме како за еден екосистем, а не како за еден обичен генетски шаблон“, вели Нелсон, еден од истражувачите на оваа студија.

Истражувачите веќе подолго време се сомневале дека човековиот мозок може да „засолни“ таканаречени микрохимерични клетки, клетки кои може да се најдат кај еден организам и да бидат функционални, а да водат потекло од друг организам. Ова било потврдено првпат во истражување кое било спроведено на глувци кое покажало дека овие клетки може да ја преминат крвно – мозочната бараиера. Но студијата водена од Ли Нелсон во истражувачкиот центар за рак во Сиетел, открива дека микрохимеричните клетки кои мигрираат во мозокот мигрираат кај повеќе од 60 проценти од испитаните глувци кои по нивната аутопсија било потврдено дека во нивниот мозок постои ДНК која потекнува од друг организам.

Микрохимеризмот најчесто се јавува за време на бременоста, кога клетките од фетусот ја преминуваат плацентата и влегуваат во крвниот систем на мајката, а и обратно. Од крвниот систем овие страни клетки може да мигрираат кон различни ткива и да постават химерични клеточни линии, а сето тоа било причина да се постават многу прашања во врска со имунолошките нарушувања како и други ризици од разни заболувања. Други истражувања потврдиле дека и фетусите исто така може да се здобијат со микрохимерични клетки од фетус близнак или пак од постари браќа или сестри, а овие клетки биле заостанати во матката на мајката. Во ретки случаи микрохимеризмот може да се појави и при трансфузија на крв кај имунокомримирани пациенти.

Со цел да го одредат квантитетот на микрохимеризмот во мозокот, Нелсон и неговите помошници селективно ги истражувале гените во Y хромозомите кои биле најдени во делови на мозокот од 59 женски трупови. Со ова истражување кај 37 жени биле пронајдени ваков вид на страни клетки во нивниот мозок.

Исто така за време на ова истражување, истражувачкиот тим го споредил нивото на микрохимеризмот помеѓу женските испитаници кои биле здрави пред да починат со оние кои пателе од Алцхајмерова болест. До сега беше познато дека жените кои биле бремени се изложени на поголем ризик од ова заболување на мозокот, а истражувачите хипотетички го потврдиле ова токму поради зголемениот број на овие микрохимерични клетки кај жените кои биле бремени, но фактите го покажале спротивното, жените кои биле болни од Алцхајмер, имале помала количина на вакви клетки во својот мозок од оние кои биле здрави пред да починат.

Нелсон и соработниците следно што планираат е да изтражат дали микрохимеризмот и микрохимеричните клетки се функционални и играат било каква улога во мозокот на жената.

„Оваа студија раѓа голем број прашања“, изјавува Бурлингам од Универзитетот во Висконсин, научник кој специјализирал трансплантна хирургија, но не учествувал во ова истражување, а го проучувал микрохимеризмот како процес поврзан со имунолошката толеранција.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1