Тодор Петров: Убиството на Самарџиев за Македонците е провокација за војна со Грција (Видео)


 

Претседателот на Светскиот Македонски конгрес Тодор Петров во вестите на МТВ ја повика Грција да ги заштити Македонците кои живеат на нејзина територија по убиството на Александар Самараџиев од страна на грчките неофашисти, припадници на Златна Зора. 

Петров, упати порака до Владата во Атина да ги превземе сите законски мерки, да ги пронајде и соодветно да ги казни сторителите, да се пресмета со фашизмот или нема да ја биде. За Македонците смртта на Александар Самарџиев е закана за војна, рече Петров. Упати порака и до Македонците во Грција да бидат претпазливи.

Информацијата за смртта на претепаниот Александар Самарџиев доцна вечерва ја објави Здружението Македонска Зора. Според соопштеното тој им подлегнал на повредите во болница, откако вчера сред Солун беше претепан од членовите на неофашистичката грчка партија Златна Зора.

Убиен Македонец во Грција – претепаниот Александар им подлегна на повредите

И покрај обидите информацијата за смртта на младиот Александар да ја потврдиме од официјални извори во Грција = до сега не успеавме да стапиме во контакт. Со оглед на фактот дека доцна ноќва се дозна веста и дека е викенд, никој не одговара на телефоните во амбасадата на Македонија, ниту пак во полицијата во Солун – ќе се обидеме во текот на утрешниот ден да добиеме подетални информации.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1