Скопската Зоолошка градина ќе работи и ноќе


Има ново осветлување, нов систем за видео надзор, Зоолошката градина во Скопје ги исполни сите услови за да почне да работи и ноќе.

„Би сакал во името на граѓаните на Скопје да им се заблагодарам на ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО за оваа донација на Зоолошката градина-Скопје, со што уште еднаш докажаа дека станува збор за општествено одговорни компании, а Зоолошката градина Скопје е најсоодветното место за една ваква инвестиција“, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Зоолошката градина во изминатиот период интензивно се реновира, животните добиваат нови живеалишта, се вложува во изградба и обновување на капацитетите и на содржините за забава на посетителите. Се зголемува и бројот на животните, неодамна Скопје ја доби и жирафата Орка.

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1