Општина Центар од септември ќе почне да наплаќа за паркирање веспи, а дотогаш ќе важи тест-период. Во центар ќе има околу стотина обележани места за паркирање мопеди.
Ова ќе важи само на паркинзите со кој стопанисува Општина Центар, одлуката ја правдаат со тоа дека паркирањето моторчиња е практика во целиот свет.
„ Досега Веспи се паркираа на секој чекор, без притоа сопственикот да внимава дали го попречува движењето на тротоар или е непрописно паркиран на коловоз. Нормално е да ги третираме мопедите како и автомобилите, бидејќи и тие се рамноправни учесници во сообраќајот и ја загадуваат околината. А, и насекаде во светот се наплаќа за нивно паркирање“, вели за утрински весник Маргарита Бакев, в.д. директор на „Паркинзи на Општина Центар.
На некои паркинзи веќе има табли со цени кој се дел од таканаречениот тест-период за едукација и предупредување на граѓаните. Паркинг за веспа чини 15 ден за еден час. Ќе мора да паркираат на означеното место бидејќи во спротивно за сопственикот ќе следува казна.
,,Градски паркинг,, нема да ја воведе оваа практика бидејќи како што велат за да се стори тоа прво треба да се обезбеди поголема гаранција од кражби и слично,