Финска треба да се прогласи за земја која е опасна по живот на странските семејства. Руското овластено лице за правата на децата, Павел Аштов, има намера да поднесе извештај до претседателот Владимир Путин.
Ден претходно е објавено дека социјалните служби на Финска, на руската државјанка Анастасија Завгородњој и ги одзеле четирите деца, од кои едното е старо само две недели.
Семејството на Анастасија е осомничена за насилство, откако нејзината најстара ќерка, 6 годишната Вероника во школо и рекла на учителката дека нејзиниот татко ја удрил по задникот. Учителката на девојчето веднаш јавила во социјалните служби и Вероника, како и двегодишните близнаци, полицијата ги пратила во дом за деца. Анастасија која што била во трудничка состојба во тој момент била уапсена. Недела дена покасно се породила, а бебето и било веднаш одземено.
„За судбината на децата не знае никој, ниту родителте, ниту рускиот конзулат, а ова не е прв случај како Финска одбива да соработува“, вели Павел Астахов.
„На државно ниво сме должни да изразиме протест против тоа што Финска упорно ги одбива сите предлози на политичко ниво, на дипломатско ниво, за создавање двострани механизми помеѓу нашите земји. Уште еден случај на одземање на децата од семејствата зборува за тоа дека властите на Финска продолжуваат со својата негативна пракса. Ова прашање станува политичко“, дополнува Астахов.
Она што се случи со децава не е ниту од далеку прв случај. Во Финска се уништени голем број на руски семејства. Синот на Рим Салонен – Антон, бил украден од неговиот татко Финец и овдеден во дипломатско возило. 7 –годишниот Роберт Путконен, бил одземен од неговата мајка поради тоа што таа му забранила да јаде слатки пред ручек. Се ова личи на прогонување на руски мајки, смета правобранителот и претседателот на Антифашистичкиот комитет на Финска Јохан Бекман.
Од поодамна забележавме дека во Финска се одвива одредена политичка кампања против руските мајки и руските деца. Има голем број на примери за тоа. За жал, ситуацијата не се поправа, туку се случува спротивното. Во нашата земја денес има над илјада руско-фински семејства и деца. Мислам дека Финска треба веднаш да пристапи кон дијалог со Русија, како овие проблеми би се разрешиле.
Притоа овие прашања треба да се решаваат брзо. Одземањето на децата од семејствата без суд и истрага, а потоа да следуваат месеци тешки судски процеси, сериозно ја нарушуваат детската психа, предупредува советникот за правата на децата во Русија, Ирина Вихрова.
„Најважно е да не се наштети на децата. Доколку родителите не преземат противправни дејства, децата под итно треба да бидат вратени на нивните родители. Судењето во никој случај не смее да се раздолжи на неколку месеци, а не пак да станува збор за години, нешто што често се случува. Во голем дел од случаевите се нарушува моралното прашање на децата.
Самата Анастасија Завгородња соопшти дека таа и нејзиниот маж донеле одлука – веднаш откако ќе им бидат вратени децата, тие да ја напуштат Финска и да се преселат во Русија.