РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ХИВ-ВИРУС


Научниците дознале како вирусот-убиец влегува во Т-клетките, се очекува напредок во лекување на болеста
Научниците од Универзитетот Џорџ Мејсин во САД, ја откриле причината зошто смртоносниот ХИВ вирус напаѓа одреден тип на Т клетките во човечкиот организам.

Револуционерното откритие ќе го промени начинот на лекување од сида, тврди професорот Вајфент Вонг и додава дека сме на прагот да ја искоренеме оваа ужасна болест.
-ХИВ вирусот напаѓа само одреден вид на имуни клетки или белите крвни зрнца, познати како Т-клетки. Истражувавме зошто ХИВ ги напаѓа само некои од Т-клетките, а другите не. Лошиот вирус ги напаѓа Т-клетките кои во својата меморија ги складирале разните вируси, поточно оние клетки кои веќе се бореле против други болести. Значи, ХИВ вирусот не ги напаѓа невините Т-клетки кои никогаш порано не воделе битка против некои други вируси – рекол Вонг.

Тој додава дека ХИВ има способност да убие поголем дел од Т-клетките за само 3-4 дена.
-Тоа претставува голема опасност, бидејќи Т-клетките му помагаат на имунолошкиот систем на телото да се организира во борбата против инфекции. Смртта на поголемиот број на одбрамбрни клетки со меморија од други вируси, води до уништување на имунолошкиот систем, а подоцна и до појава на сида или некои други болести – кажува Вонг.

Научниците од Универзитетот Џорџ Мејсин, се обидуваат да најдат лек или начин кај заразени луѓе, како да ги уништат нападнатите клетки, а притоа да не ги оштетат невините Т-клетки. Ако успеат, лекарите ќе можат да лекуваат сида, па да ја искоренат еден ден дури и од целата планета со помош на неколку вакцини.
Доењето го убива вирусот од сида

Мајчиното млеко може да го уништи ХИВ и да ја блокира неговата орална трансмисија, покажуваат експериментите на американските научници од Универзитетот Северна Каролина, извршени на глувци. Иако се верува дека ХИВ позитивните мајки, со доење може да пренесат ХИВ на децата, новите откритија покажуваат дека повеќето доенчиња, сепак не се заразуваат од овој вирус.

Share Button

Tags: ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1