19 годишно момче, застанал на прозорот од својот стан во Крагујевац и со воздушна пушка пукал во минувачите. Ранил двајца.
Полицијата во Крагујевац денес соопшти дека го уапсила Немања Ч (19) под сомнение дека од прозорец на стамбена зграда со воздушна пушка пукал кон минувачите при што повредил две лица.
Според информациите од полицијата тој е осомничен дека вчера околу 17 и 30 пукал од прозорец на стамбена зграда во населбата “Станово” во Крагујевац при што ги повредил Владо П (48) и Милан П (40). Владо П бил погоден во ногата, а Милан П во грбот. Лекарите од Клинички центар Крагујевац констатирале дека станува збор за лесни телесни повреди.
Немања Ч пукал во минувачите од станот на свој другар кој живеел во истата зграда, потоа пушката ја сокрил на кровот од зградата и отишол во својот стан каде што го пронашла полицијата.
Полицијата ја одзела воздушната пушка и оптичкиот нишан за кои осомничениот немал дозвола.