Германија нема доволно млада популација. Ако земјата сака да ја одржи благосостојбата, тогаш мора да прифати доселување, но селективно и контролирано, смета Александер Кудашеф, пишува Дојче Веле. Германија, конечно, доби закон за интеграција. Германија се обидува да ги регулира правата и обврските на доселениците. Германија, конечно, согледува дека мора да се погрижи за интеграција на доселениците.
А доселеници ѝ се потребни на Германија, оти овде се раѓаат премалку деца. Недостасува подмладок – во стопанството, индустријата, истражувањата, науката, кај стручната работна сила и инженерите.
Неопходниот закон за доселување мора да регулира три работи: саканото доселување, правото на азил (за прогонувани опозиционери, дисиденти, писатели, активисти за човекови права, припадници на особено загрозени малцинства), како и правото за бегалци (кое ќе гарантира привремено прибежиште – додека трае војната или слични катастрофи). Правото на азил не мора да се менува.
Сосем е поинаку со саканото доселување. Тука Германија вели – ни требаат лекари, програмери, германисти, физичари, етнолози, учители, хемичари, машинопроизводители – и нив ги бараме во целиот свет, од Нов Зеланд до Шпанија.
Затоа што ни се потребни, оти сакаме да дојдат, ние, покрај работно место, им нудиме и обезбеден регуларен престој.Тие доселеници можат бргу да станат и Германци, ако сакаат. Мора да биде само по себе разбирливо на универзитетот во Росток да има германист од Индија, како и африкански свештеник во Горна Баварија или боливиски инженер кај Мерцедес.
Ако сакате постојан престој
Генералните барања за овие дозволи се да имате соодветни вештини во германскиот јазик, да можете да се издржувате финансиски, да имате здравствено осигурување и да немате криминално досие. Може да аплицирате за нешто што се вика „EC residence“ по 5 години живеење во државата. Со оваа дозвола може да живеете каде било во ЕУ.
Исто така, има „дозвола за населување“. Таа не ви овозможува да се движите во ЕУ и некогаш може да ја добиете за помалку од 5 години. Студентите на германските универзитети можат да аплицираат две години по дипломирањето. Имателите на сина карта на ЕУ (со бруто-приходи над 49.600 евра, или 38.688, зависно од професијата) можат да добијат трајна дозвола по 33 месеци работа, или со B1 сертификат за познавање на јазикот.
Самовработени лица со успешни бизниси исто така можат да аплицираат за три години. Германија им дава вакви дозволи на „високо квалификувани“ имигранти, како научници, инструктори и истражувачи.
Ако сакате државјанство
За да станете натурализиран граѓанин, треба да живеете во државата барем осум години, а ова ќе се скрати на седум ако го земете курсот по германски јазик за интеграција. Мора да знаете германски јазик. Со него треба да можете да се справувате во секојдневниот живот, вклучувајќи ги и властите, а треба и да бидете во можност да извршите разговор пропорционален на возраста и образованието. Исто така, кандидатите треба да се издржуваат финансиски, да немаат криминални досиеја и да се откажат од моменталното државјанство, освен во случаи кога државите не го дозволуваат тоа.
Кандидатите треба да поминат тест со 33 прашања од Б1 ниво на германски јазик за законите, историјата и луѓето во Германија.
Ако сте венчани или имате деца
Ако имате брачен партнер Германец, тоа ги олеснува работите. Треба да живеете 3 години заедно и да сте венчани најмалку 2 години во времето кога ќе аплицирате. Другите правила се повторуваат.
Децата што имаат барем еден родител Германец имаат право на државјанство дури и ако се родени надвор од земјата. Но, оние што се родени во државата, а имаат родители што не се Германци, на или по 1 јануари 2000 година можат да земат државјанство под одредени околности. Нивните родители треба да живеат во државата барем 8 години и да имаат постојано право на престој.
Извор : Засе.мк / DW