Марсело ди Финисио на куполата пристигнал со цел да протестира против италијанскиот премиер Марио Монти. Ја прескокнал оградата и на една ивица го поставил транспарентот.
Туристите биле шокирани кога го виделе Марсело како се врзува со јаже и ја прескокнува оградата. Откако се спуштил го развеал транспарентот на кој што пишувало: Помош! Доста ни е од Монти, доста ни е од Европа! Доста е мултинационалки!“.
Покасно се дознало дека станува збор за мал претприемач кој управува со една од плажите во близина на Трст.
Неговиот пријател Алекс Гиузио на медиумите им соопштил дека на куполата се качил за да просведочи против директивите на ЕУ и планот на владата на италијанскиот премиер Марио Монти, да од 2016 година на поинаков начин, наводно во корист на големите мултинационални компании, да издаваат лиценци за користење на поморскиот домен.
Полицијата му предложила да го прекине протестот, а во замена ќе му договори состанок со седиште во италијанската влада. Ваквиот предлог Марсело го одбил.
Ди Финисио и претходно имал ваков испад и медиумска покриеност, во јули, кога се качил на куполата на базиликата Петар, кога побарал средба со министерот за туризам.