Скандалозно Вардар казнет 10.000 евра од УЕФА – Филип 2 бил просечен стадион


Поради употреба на пиротехнички средства, петарди, ласери, но и продажба на алкохол во рестораните кои се во Градскиот парк пред Јужната трибина пред мечот со БАТЕ , Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Вардар со 10.000 евра, објави порталот Спорт.

Дисциплинската комисија на УЕФА која во допис до фудбалскиот клуб Вардар го извести дека ќе мора да плати 10.000 евра поради лоша организација на дуелот со Бате Борисов од квалификациите за Лигата на шампионите.

Одлуката на УЕФА допрва ќе се разгледува, но скандалозна е секако бидејќи е нелогично фудбалски клуб да плаќа казна затоа што приватни кафеани точеле алкохол надвор од стадионот.

Според УЕФА, “Филип Втори” просечно задоволувал услови за игра!?
Во извештајот до УЕФА од страна на делегатот Ричард Хаврила од Словачка интересни се констатациите дека националната арена “Филип Втори”, како и теренот на нашиот најголем стадион само просечно ги задоволувале условите на УЕФА, пишува Спорт.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1