Србија амнестира 1000 затвореници – немало место во затворите


Осудени на помали затворски казни ќе бидат ослободени за да се реши проблемот на преполните затвори, пишуваат српските медиуми.

Министерството за правда, за Мондо изјавиле дека ако српскиот парламент го усвои законот на слобода излегуваат 1.000 затвореници.
MONDO дознава дека Министерството за правда, планира мерките предвидени со нацрт-законот да влезат во сила на истиот ден кога Собранието на Србија ќе ги усвои и ќе важи само еден ден.

Грубо, во Законот за амнестија ќе бидат вклучени 3.000 луѓе, од кои 1000 ќе се најдат на слобода, а за другите 2.000 ќе има намалени казни за половина или една четвртина. Опфатени ќе се осуденици кои имаат казна до 6 месеци затвор, и оние кои не се осудени за сериозен криминал.

Информациите велат дека овој предлог-закон е поддржан и од премиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој потврди во изјава за медиумите дека овој предлог закон може да го реши проблемот со затворскиот капацитет.

Со амнестијата ќе бидат опфатени главно осудени за грабеж, изнуда и разбојништво. Според експертите амнестијата е многу ретко решение на општо ниво и нема земја во регионот каде што се применуваат слични мерки, но сметаат дека е добро решение.

Српската влада денес треба да го усвои нацрт-законот за амнестија на затворениците, а потоа ќе биде доставено до Парламентот.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1