Роџер Федерер очигледно нема да биде спокоен на Мастер турнирот во Шангај, а се шпекулира и негово откажување откако, на Твитер профилот на тенисерот му стигнала порака во која пишувала дека му се подготвува атентат!
По овие настани, домаќините на турнирот го засилија обезбедувањето околу него.
На профилот на Федерер, фановите му испратија поддршка.
Федерер летото имаше подолга пауза, па турнирот во Шангај ќе му биде прв по УС Опен.
Во изминатиот период, Швајцарецот работеше со спонзорите и промовираше голем број на производи.