Кинеска компанија ќе прави чуда со водите на Вардар


Министерството за економија склучи договор со кинеската фирма за изработка на пред физибилити студија, за повеќенаменско искористување на реката Вардар.

Вредноста на склучениот договор изнесува 76 илјади евра, бидејќи се работи само за предфизибилити студија, од која подоцна ќе треба да се изработи студијата за повеќенаменско искористување на водите на Вардар, пренесува Faktor.mk.
Искористувањето на Вардар преку изградба на сет хидроцентрали е стара идеја. Проектот Вардарска долина предвидуваше изградба на 12 хидроцентрали, но поради обемноста и скапата изведба, подоцна Владата ја напушти идејата за изградба на толку многу  енергетски објекти. Целиот проект требаше да чини 1, 5 милијарди евра.
Минатата година, пред изборите, се потпиша и меморандум со кинеската компанија CWE која требаше да изработи физибилити-студија за хидроенергетското ползување на Вардар, која треба да покаже колку од водата ќе биде за производство на електрична енергија, а колку за наводнување и за пиење. Сепак, ништо не успеа од тоа, а тендерот за предфизибилити студијата, беше објавен пред 6 месеци.
Кинеската компанија „China Water Resources Pearl River Planning Surveying & Designing“, сега ќе има задача да ја осмисли првичната верзија на проектот.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1