Еве кое однесување според американската војска ве прави потенцијален терорист


Американскиот весник „Wired“ објавил документ на американската војска, во која се дава преглед на „опасните“ однесувања кај индивидуалци, кои би можеле да станат премногу опасни, па дури и радикални терористи.


Насоките се однесуваат на припадниците на војската, но, и на сите останати личности кои покажуваат некакви опасни расположенија.
Документот е составен во 2011 година и е наменет за специјалната единица одговорна за надгледување на терористите, во американската војска „Asymmetric Warfare Group“. Опасностите се примарно поделени во 3 групи.

Првата се однесува на детали, поради кои личностите треба да се држат на нишан. Втората сугерира на означување на личностите кои се потенцираат како потенцијална закана, додека во третата група се наоѓаат оние со опасно однесување и кон кои е потребно веднаш да се реагира.
На пример луѓе кои што се распрашуваат за оружје со масовен ефект и личности кои организираат протести инспирирани од радикалната идеологија, се наоѓаат во третата категорија и тие се најопасни по безбедноста на државата.

Сомнителни се и оние во првата категорија, а меѓу нив се наоѓаат оние кои се фрустрирани од водечката идеологија, социјално повлечени, се бунтуваат поради пристрасност, им недостасува позитивен идентитет со државата, семејството или пријателите, и веруваат во теорија на завери поврзани со владата, до точка на параноја.

На листата на личности кои се „активно опасни“ се наоѓаат:
Личности кои одржуваат таинствени состаноци, личности кои го менуваат изборот на материјали за читање, користат екстремистички скратеници, посетуваат екстремистички веб страници, го менуваат изборот на забавите, имаат необични расправии.

Особено се интересни ставките поврзани со водечката или „mainstream“ идеологија.
Можеме да претпоставиме дека според тоа, сомнително е секое лице кое на некој начин не верува во концептот на капитализам и демократија во актуелниот облик во кој што во моментов делува западниот свет, или поточно како што е во САД, каде што владее двопартиска доминација.
Личностите кои веруваат во теорија на заговор до „точка на параноја“, сигурно се опасни, пред се за самите по себе, а потоа и за луѓето од околината, но зошто се сомнителни личностите кои што го менуваат изборот на забава?

Судејќи според овој документ, изгледа дека американската војска стигна до точката на параноја.
Прегледот на овој американски документ може да се заклучи како е потенцијално сомнителна и опасна секоја личност која на каков било начин отстапува од некакви општи стојалишта на кои општеството инсистира.
Имајќи го тоа во предвид можеме само да претпоставиме под кои член или точка или пак степен на притисок го прават припадниците на „Окупирај го Волстрит“, и другите антикапиталистички движења во САД.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1