НОЌНА МОРА : Децата во турските затвори изложени на невидена тортура


Тврдењата на меѓународните организации, активисти за човекови права, но и родителите чии малолетни деца се во затвор – сведочат за нехумани услови во турскиот затвор. За таа намена, екипата од хрватската емисија „Проверено“отишла за Турција.

Меѓу затворениците во турските затвори има и стотина деца, а некои од нив имаат само 12 години. Се случува да не излезат на суд и по повеќе од година дена. А за тоа време тврдат дека таму преживуваат стравотии: другите затвореници ги тепаат, мачат и сексуално ги злоставуваат! А осудени се на казна и до 80 години.

„Децата се плашеа да ги отворат очите, зашто ако ги отворат, истото ќе им се случи“ рекол психолошки тим за „Проверено“, кој им помагал на злоставените деца. Нивните родители и денес ги преживуваат овие зборови.

Загрижен за својот син откако бил пуштен од затвор, некој татко одговорил: „Откако е на слобода, не може нормално да функционира“ рекол Абдула. Откако нивните сведочења доспеаја до јавноста, дел од новинарите што пишувале за ова се затворени. Затворени се и активисти за човекови права кои предупредувале на злоставувањето во затворот.

-Борците за човекови права во 80-те и 90-те биле убивание. Во тој период 22 водители од нашата организација беа убиени. По тоа, политиката на убивање престана, а започна политиката на затварање – рекол Озтук Туркдоган, претседател на Организацијата за човекови права, IHD.

Екипата од „Проверено“ разговарале два часа со тинејџерите што некогаш како деца биле во затвор, и не дале да ги снимаат. Не сакале ниту камера да има во просторот додека разговарале. Раскажале дека во затворот им истурале врела вода, еднаш им ги кршеле горните заби, некој морал да оди по скршено стакло, му ставале детергент во уста… Пред неколку месеци, Одборот за спречување на тортура при Европската комисија, бил во инспекција на турските затвори. Извештајот од затворите не го даваат, бидејќи бил таен, освен ако турската влада го побара тоа.

Tags:

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1